Водечките екипи по конференции Бостон и Мемфис забележаа победни на синоќешните натпревари во НБА лигата.

Лидерот на табелата во Источната конференција, Бостон на гостувањето во Шарлот славеше со убедливи 122-106, меч во кој Џејсон Тејтјум постигна 33 поени, а имаше и 9 скокови и 6 асистенции, додека Малком Брогдо придодаде 30, рекордни за него поени.

И првопласираната екипа на западот, Мемфис лесно на гости ја совлада Индијана со 130-112. Дезмон Бејн овојпат беше прв стрелец во тимот на „Гризлите“, завршувајќи ја средбата со 26 поени и 8 скокови, додека Џа Морант имаше дабл-дабл со 23 поени и 10 скокови. 

Неочекувано убедлив пораз со 136-119 претрпе тимот на Далас кој гостуваше во Портланд. Иако Лука Дончиќ имаше дабл-дабл со 15 поени и 10 скокови тоа не беше доволно да се совлада расположениот домашен тим во кој и Демјан Лилард оствари дабл-дабл со 36 поени и 10 скокови.