Домаќинот на Светското првенство Полска по два натпревара сеуште не се израдувала на победа. Вечерва во Катовице пред преполната сала Словенија ја надигра Полска со 32:23 и со тоа ја постигна втората победа. Во третото коло Словенија против ФРанција ќе игра за првата позиција во групата, додека Полска ќе биде фаворит против Саудиска Арабија.

Од средината на првиот дел Словенија предводена од Јуре Доленец почна да диктира игра и создава предност, која во вториот дел само ја зголемуваше. Доленец со 9 голови беше најефикасен на натпреварот.

На дуелот од Д групата во Кристијанштад Унгарија му се реваншираше на Исланд за ланскиот пораз на Европското и елиминацијата. По 8:8 од средината на првиот дел Исланд предводен од голманот Густавсон создаваше предност. Во вториот дел таа изнесуваше и 25:9, но колективот на Унгарија постепено почна да ја намалува предноста и на пет минути пред крајот изедначи на 28:28. Исланд влезе во проблем со реализација, а токму најефикаснот на дуелот Бјарни Елисон (9 голови) не реализираше три удари, односно унгарскиот голман Миклер ги одбрани за победа од 30:28. Унгарија со ова ја постигна втората победа во групата.

Домаѓинот Шведска не дозволи изненадување во Гетеборг и со 34:27 ја победи селекцијата на Зеленортските острови, додека Шпанија без проблеми во Краков го победи Чиле со 34:26. И за Шведска и за Шпанија ова беа втори победи.