Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја продолжи победничката серија и се пласираше во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Талин, Естонија.

По стартната победа против Радка Зелничкова со 2-0, Ѓорческа денес во два сета беше поуспешна и од шпанската тенисерка Андреа Лазаро Гарсија со 2-0 (6:3, 6:2)

Ѓорческа има одлична можност за пласман за пласман во полуфиналето со оглед на тоа дека во четвртфиналето за противник ја има италијанската тенисерка, Дебора Киеза, 434-то место на ВТА листата

Турнирот се игра за награден фонд од 40.000 долари.