Девет дена пред продолжувањето на кошаркарскиот шампионат на Македонија, екипата на Гостивар која првиот дел од сезоната го заврши на делба на второто место во Пелистер, го промовира своето ново засилување

Станува збор за Американецот, Калон Витли.

Кошаркарот кој игра на плејмекерската позиција, доаѓа од грчката екипа Кавала.

Во неа на 11 одиграни натпревари, просечно постигнувал по 9,5 поени, а имал и 4,2 асистенции. Ангажманот во Кавала за бил прв за Витли на европска сцена.

25-годишниот Американец, пред започнувањето на „печалбарската“ кариера настапувал во универзитетската НЦАА лига за Џорџија Саутвестерн Универзитетот.