Како увертира на првиот годинашен Гренд-слем „Австралија Опен“ на овој континент се играат повеќе тениски турнири. Најинтересен е оној во Аделаида каде во финалето ќе играат Новак Ѓоковиќ и Себастијан Корда.

Србинот кој е прв носител на тмурниот во два сета со 6-3 и 6-4 го победи Русинот, Данил Медведев.

неговиот противник во финалето, Американецот, Корда одигра само еден цел сет против Јапонецот, Нишикора, кој откако го загуби сетот во тај-брејкот и имаше негатива од 1-0 во вториот, реши да го предаде мечот.

Финалниот меч меѓу Ѓоковиќ и Корда се игра утре со почеток од 8:30 часот.