Дејан Манасков со девет и Филип Кузмановски со осум постигнати голови, беа најефикасните македонски ракометари во поразот од Хрватска (40-36) на контролниот меч во Пореч.

Двајцата македонски ракометари постигнаа велемајсторски голови, кои со аплауз ги поздрави и бројната домашна публика присутна на мечот, како и хрватскиот коментатор на РТЛ, телевизијата која го пренесуваше овој натпревар.