Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа официјално го потврди својот настап во квалификациите за престижниот Грен слем турнир Ролан Гарос во Париз.

Ѓорческа ќе ја бара својата шанса за главната фаза на земјените терени во Париз преку квалификациите. Taa за прв пат настапи на Отвореното првенство на Франција во 2017 година, а последен пат играше пред две години.

Квалификациските борби на Ролан Гарос започнуваат на 18 мај, а Ѓорческа влегува со голем мотив по солидните настапи оваа сезона. Лина во моментов се наоѓа на 190 позиција на ВТА листата, што и овозможува статус на сериозен конкурент во квалификациите. За влез во првото коло на главниот турнир, на македонската претставничка ќе и бидат потребни три победи против силни противнички.

Земјената подлога традиционално и одговара на нејзиниот стил на игра, па фановите со право се надеваат на голем успех во Париз.

Ѓорческа на Гренд слем турнирите дебитираше на УС Опен во 2016 година. Тетовката и годинава настапи на првиот турнир од големата четворка Австралија опен. Лина во Мелбурн, настапот го заврши во втората квалификациска рунда.

Следете нé на социјалните мрежи