Вечерва во Струмица започнува финалната битка за влез во елитната кошаркарска Супер лига меѓу Струмица и Бутел.

Домаќините до финалето стигнаа експресно со две победи над Борец баскет покажувајќи стабилност и доминација во клучните моменти. Бутел мораше да игра мајсторка против Соколи 1933 каде покажаа дека се исклучително опасни кога гостуваат во други градови.

Домашниот терен не беше предност во нивните дуели во првата фаза од првенството.

Сезонските пресметки меѓу овие два тима најавуваат неизвесен финиш бидејќи двете екипи веќе славеа на гостински терен.
Струмица триумфираше во Скопје со 70:68 додека кошаркарите на Бутел возвратија со убедливи 83:71 среде Струмица во јануари.

Победникот од оваа финална серија ќе обезбеди директен пласман во највисокиот ранг на македонската кошарка за следната сезона.

Серијата се игра до две победи по принципот на наизменично домаќинство каде Струмица ја има предноста на свој терен. Денешниот натпревар што ќе се игра во салата „Никола Карев“ ќе почне од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ. 👇

Следете нé на социјалните мрежи