Со двата натпревари одиграни попладнево во Струга и Кавадарци, комплетирано е 30.коло во Првата фудбалска лига.
Фудбалерите на струмичка АП Бреара освоија важни три бода на гостувањето кај Струма Трим Лум. Струмичани славеа минимална победа со 0-1. Единствениот гол на натпреварот беше постигаат во самиот финиш, односно 88.минута, кога по соло акција Петривиќ ја затресе мрежата на домаќчините.
Стружани од 71.минута играа со десетмина, откако Хамза заработи директен црвен картон.
Црвен картон за домаќините имаше и на натпреварот во Кавраци, каде Тиквеш со десетмина одигра 1-1 со Арсими.
Домашниот тим прв поведе преку Рамадани во 24.минута, а конечните 1-1 го постави Гони пет минути подоцна.
Со ваквиот расплет на денешните дуели, профитираше екипата на АП Брера. Иако струмичани остануваат осми, во зоната за бараж за опстанок, сепак сега имаат само три бодови помалку од Арсими кој е седми. Покрај поразот Струга е сигурна на третата позиција, а Тиквеш е шести, далеку од опасната зона.

































