Македонските тенисери со половичен успех настапија на денешните мечеви од првото коло на фјучрсот во Дубровник што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Калин Ивановски кој е рангиран и како петти носител со пресврт стигна до победата од 2-1 во сетови (1:6; 6:3 и 6:0 во гемови) над Италијанецот Матео Донати. Мечот траеше безмалку два часа. По водството на ривалот и добиениот прв сет Ивановски го освои следните два освојувајќи 12 гема наспротив три на ривалот. Ивановски во второто коло утре ќе игра против искусниот тенисер од Босна и Херцеговина, Алдин Сеткиќ, кој денеска го совлада Емир Дапчевиќ од Црна Гора со 2-0 во сетови препуштајќи му само три гема.
Вториот наш тенисер кој настапуваше на турнирот Горазд Србљак, кој доби шанса да игра како „среќен губитник“ загуби во првото коло од квалификантот од БиХ, Андреј Недиќ со 2-1 во сетови. Србљак поведе во мечот откако го доби првиот сет со 6:3 во гемови, но следните два со истиот резултат му припаднаа на ривалот.
Ивановски утре покрак мечот во сингл го очекува и четвртфиналето во игра на двојки каде заедно со Лука Микрут од Хрватска ќе играат против Марко Баничевиќ и Кристијан Томбас Кајго од Хрватска.