Благодарение на гол на Столе Димитриевски, Македонија остана непоразена во Даблин.
Нерешениот резултат против Република Ирска без голови 0:0, за селекторот Гоце Седлоски е ,,регуларен”.
Поентата на селекторот, по натпреварите со Данска и Ирска е најважна што тој ги видел сите играчи.
,,Па добро, по оној исцрпувачки, и психички и физички меч во Данска, денешниот натпревар беше доста тврд, без многу шанси на двете страни, освен, притисокот кој го направија Ирците.
Во второто полувреме, тие на почеток тие 10 минути и на крај оваа Столе што ја одбрани.Ги видов сите играчи, на сите им дадов шанса.
Знаевме дека играме со Ирска, добра репрезентација, и они исцрпениот од последниот натпревари и кога ќе видиш, мислам дека нерешениот резултат е регуларен”,
истакна Седлоски.
По ова изјава веднаш по натпреварот во Даблин, но и оние по дуелот во Копенхаген, логички се поставува прашањето.
Дали Седлоски воопшто ги знаел играчите и ги гледал пред да заминат на овие два меч или допрва ги запознава?
Што се однесува до шансите и играта на двете репрезентации, наш совет е Седлоски, ако не цел натпревар, барем да го погледне „хајлајтсот“. Само еден, единствен удар во рамките од гол на двата натпревари и тоа од слободен удар… Тешко до постигнат гол и победа.




































