Фудбалската репрезентација на Македонија со порази и „реми“ го заокружи март месец. Откако претрпеа дебакл, од Данска, македонските фудбалери вечерва се спасија од пораз во дуелот со Република Ирска.

Во натпреварот без никакво резултатско значење, а одигран во Даблин, благодарение на Столе Димитриевски, Македонија извлече 0-0.

Од првиот дел само три моменти за издвојување. Првата закана ја упати Барди (21.минута), чиј обид од слободен удар, домашниот голман Келер го одбрани. На спротивната страна, (24.минута), одлична интервенција имаше и Столе Димитриевски по обидот на Парот. Во финишот на првиот дел (44.минута) истиот фудбалер успеа да ја затресе мрежата на Димитриевски, но голот не беше признат поради офсајд.

Фудбалерот на холандскиот АЗ Алкмар, Парот пак беше во фокусот на вниманието и на стартот на вториот дел. Неговиот удар од 15-тина метри заврши во стативата од голот на Димитриевски.

Селекторот Седлоски безмалку го смени целиот тим, исклучок Димитриевски, Зајков и Ерара. Но, ниту тоа не смени ништо во играта на Македонија. Во судиското дополнение, Столе Димитриевски нé спаси од пораз, отако го одбрани ударот на Кели од непосредна близина.

Така дебито на Гоце Седлоски на селекторското место, се покажа како повеќе од неуспешно. Новиот селектор најави дека во текот на летото ќе прави измени во националниот состав. Но ја загуби ли Седлоски контролата над тимот уште во стартот на својот мандат, останува времето да покажа.