Репрезентациите на Шведска и Турција обезбедија пласман на Светското фудбалско првенство.

Ова е епилогот по два од четирите финални бараж дуели, по кои треба да ги дознаеме сите европски селекции што ќе играат на Мундијалот.

На натпреварот одигран во Солна, каде Шведска ја пречека Полска, натриум се радуваат домаќините. Швеѓаните победија со 3-2. Фудбалерот на англискиот Њукасл, Ентони Еланга во 20.минута, им донесе предност на ,,викинзите”. Во 33.минута Никола Залевски го израмни резултатот на 1-1. Сепак пред крајот на првиот дел Швеѓаните пак ја вратија предноста, а стрелец на голот беше Густаф Лагербилке (43).

Возбудувањата продолжија и во вториот дел кога Швидерски во 55.минута повторно го израмни резултатот (2-2). Голема борба се водеше се до самиот крај. Во 88.минута напаѓачот на Арсенал, Виктор Ѓокерес трет пат ја затресе мрежата на гостите и ги постави конечните 3-2 за Шведска.

Во Приштина, домашната селекција на Косово не успеа да направи ново изненадување.

Гостите од Турција славеа триумф со 1-0. Отпорот на домашната селекција беше скршен во вториот дел (53.минута) кога Керем Актуркоглу погоди за водство и победа на Турција.