Македонскиот вицешампион ТФТ направи голем исчекор со пласманот во полуфиналето во регионалната кошаркарска АБА2 лига.
Составот од скопско Тафталиџе, славеше победа во мајсторката од четвртфиналето одиграна на гости кај Златибор со 80-90. ТФТ а затвори серијата со 2:1 во победи.
Освен почетните 3-0 за Златибор, во првото полувреме ТФТ беше беше тимот кој постојано водеше. Имаа и убедливи +15 (15-30) избраниците на тренерот Смилсковски, но ги загубија. Единственото израмнување во првиот дел дојде во 18.минута кога на семафорот стоеше 34-34. Сепак, Ташовски со четири поени во низа повторно ја врати предност на ТФТ кој на одмор замина со +2 (26-38).
Во вториот дел, односно третата четвртина. Домашниот тим ја надополни негативата и поведе, но ТФТ брзо ја врати предноста. Ниту една од екипите не успеа да се „одлепи“ и се играче поен за поен. Така во последниот период се влезе со резултат 59-57 за домаќинот. А, во него иако Боро Смилковски остана без четворица од своите стартери поради пет лични грешки, тимот покажа победнички карактер. Со серија од 2-9, ТФТ создаде седум поени предност, кои се покажаа како решавачки. Знаеја да ја сочуваат и да слават со конечни 10 разлика 90-80.
Најефикасен во редовите на ТФТ беше Говенс со 23 поени, а уште четворица беа двоцифрени.
Така екипата на ТФТ обезбеди пласман во полуфиналето во кое за противник ќе го има црногорскиот тим на Сутјеска. Серијата што ќе се игра до две победи, треба да почне на 8-ми, а реваншот ќе се игра на 14 април. Евентуалната мајсторката би требало да се игра на 22 април.




































