По елиминацијата од Данска во баражот за Светското првенство, Македонија остана без двајца искусно напаѓачи. Бојан Миовски се врати во својот клуб Глазгов Ренџерс, а Александар Трајковски најави крај на репрезентативната кариера.

Ова како одговор на новиот селектор Гоце Седлоски, да ги изостави двајцата од стартниот тим, а Трајковски воопшто и да не добие шанса.

И натаму жешка тема во македонската фудбалска репрезентација, е нивната одлика, па селекторот Седлоски и вечерва со свој став.

,,Па видете јас кажав и прошлиот пат а оние играчи кои настапува во клубовите, секако ќе имаат повише право, да играат за националниот тим и тоа го направив, на таа утакмицата против Данска.

Кој не сака да игра за Македонија, он не игра ни за селекторот, не играни за играчите,  игра за државата. Така да, не гледам причина некој да се лути, зошто не играат, зошто не почнале, зошто не бил стартер натпреварот. Тоа е негова опција (одлука), он си знае што прави така, не му се мешам во тоа” изјави Седлоски.

Новиот селектор, најави дека летоска ќе има промени во тимот и дека ќе бидат повикани и нови фудбалери.