Ракометниот клуб Охрид испишува најуспешни страници во својата европска историја.
Со пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Европски Куп, клубот го потврди континуираниот раст и сериозниот европски потенцијал.
Сега охриѓани се пред нов предизвик, пласман во ТОП-4 во ова натпреварување. Задачата да се оствари тоа нема да биде ни малку лесна. Во четвртфиналето треба да се мине грчкиот гигант Олимпијакос.
Првиот натпревар ќе се игра попладнево во Атина, а по договор на двата клуба и сугестија на ЕХФ, два натпревари ќе се играта без присуство на гостински навивачи. Ова е последица на минатогодишниот скандал што го направи тимот на АЕК во финалето со Алкалоид во истото натпреварување.
Денешниот дуел меѓу Олимпијакос и Охрид ќе почне од 16 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.👇👇
Реваншот ќе се одигра во СРЦ „Билјанини извори“ на 4 април (сабота) од 18 часот .
Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во полуфиналето. Таму ќе се сретне со победникот од дуелот Целје против Бузау.

































