Половичен учинок имаа двете македонски екипи, Алкалоид и Бутел, кои денеска настапија во ЕХФ Европскиот куп. Тие ги одиграа првите натпревари од 2.коло во ЕХФ Европскиот куп, а Алкалоид славеше триумф, додека Бутел загуби.
Алкалоид оствари сигурна победа на домашен терен, во Автокоманда, против австрискиот Ферлах со 31:22.
Избраниците на тренерот Кирил Лазаров доминираа во салата „Автокоманда“ и создадоа одлична предност пред реваншот. По одличното прво полувреме и водството од 16:11, скопскиот тим рутински ја одржуваше и зголемуваше стекнатата разлика. Најефикасен во победничкиот состав беше Марко Митев, додека Никола Костески додаде шест прецизни удари. Овој убедлив триумф е голем чекор кон пласман во третото коло од ова европско натпреварување.
За разлика од нив, ракометарите на Бутел претрпеа пораз на гостувањето во Хрватска.
Скопската екипа загуби од составот на Горица со резултат 27:24 во својот прв европски предизвик. Бутел пружи жесток отпор во текот на целиот натпревар, но на крајот сепак не успеа да избегне негатива. Сепак, разликата од три гола остава реални и остварливи надежи за пресврт на реваншот во Скопје. За Бутел по четири голови постигнаа Николоски, Субашевски и Стаменковиќ.
Двете екипи реванш натпреварите ќе ги играат следниот викенд, кога и актуелниот шампион во ова натпреварување ќе ја почне одбраната на титулата. Охриѓани за противник ќе го имаат турскиот им Спор Тото против кој двата меча ќе ги играат на домашен терен (петок и сабота).































