Арина Сабаленка ја освои титулата на Индијан Велс со победа над Елена Рибакина во финалето. Белорусинката славеше по три сета, во меч кој траеше два часа и 34 минути.

Рибакина го доби првиот сет со 3:6, со брејкот во шестиот гем. Сабаленка возврати со два брејка во вториот сет и израмни (6:3).

Во третиот сет се играше тај-брејк. Рибакина имаше меч-поен при 6:5, но Сабаленка освои три поени по ред и го затвори мечот со 8:6.

Ова е 23-та ВТА титула во кариерата на Сабаленка, а прва во Индијан Велс, откако претходно загуби финалиња во 2023 и 2025 година.

Победата ја зацврсти нејзината позиција како прва тенисерка на светот. Рибакина пак, сега е втора на ВТА листата потиснувајќи ја полската тенисерка Ига Швонтек на третото место.