Женската сениорска репрезентација на Македонија, денеска ќе го игра петтиот, претпоследен натпревар во квалификациите за ЕП 2027 година.

Подмладената македонска селекција во која ќе нема неколку искусни кошаркарки кои досега го носеа товарот на играта, гостува во Грција.

Јасно е дека противникот ја има улогата на апсолутен фаворит. Грција славеше на првиот натпревар во Скопје со 17 поени разлика, дуел во кој ние бевме во далеку посилен состав. Сега, подмладениот тим на Македонија, е со далеку послаб квалитет, па исходот е повеќе од јасен. Но, овој дуел младите за младите македонски кошаркарки, ќе биде само едно искуство повеќе во настапите на повисоко ниво.

Натпреварот Грција – Македонија ќе се игра во Солун, ќе почне од 14.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

Во последниот натпревар македонските кошаркарки ќе играат пред својата публика, во Скопје, на 17 март (18 часот), а противник ќе биде Хрватска.