По репрезентативната пауза, кошаркарските суперлигашки се враќаат на обврските во македонскиот шампионат.

Викендов на програмата се натпреварите од 17.коло, кое носи и дерби дуел во Скопје.

Во СЦ ,,Јане Сандански” шампионот МЗТ Скопје Аеродром го пречекува битолски Пелистер. Во овој натпревар екипите влегуваат од второто и третото место на табелата, зад лидерот ТФТ, кој има бод повеќе од МЗТ, а три од Пелистер. Со оглед на тоа дека тимот од Тафталиџе во оваа рунда е апсолутен фаворит против ,,фенерџијата” Ангели, дербито не ви требало да донесе промена на позициите на табелата.

Покрај овие два натпревари денеска се играат уште два, а исто толку на програмата се и утре.

Сите натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО на едно место овде 👇👇👇

СУПЕР ЛИГА МАЖИ 17.КОЛО

сабота – 7 март
14.00 АНГЕЛИ – ТФТ
19.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР
19.00 ФЕНИКС – ТИКВЕШ
20.30 ЧАИР – РАБОТНИЧКИ
Недела – 8 март
18.00 МАЏАРИ – КОЖУВ
18.00 КУМАНОВО – ГОСТИВАР