Лука Дончиќ одигра уште еден фантастичен натпревар и ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до убедлива победа над Индијана Пејсерс со 128-117.

Словенечкиот ас доминираше во „градот на ангелите“ и натпреварот го заврши со 44 поени, девет скока и пет асистенции. Дочиќ блескаше уште на стартот и постигна 22 поени во првата четвртина, погодувајќи пет тројки по ред, со што рано го насочи натпреварот во корист на „езерџиите“.

Во редовите на Индијана, најефикасен беше Паскал Сиакам со 26 поени.

Тимот на Денвер Нагетс претрпеа тежок пораз на домашен терен од Њујорк Никс со убедливи 142-103.

Никола Јокиќ имаше одлична индивидуална партија со 38 поени и беше најефикасен на натпреварот, но тоа не беше доволно за неговиот тим да избегне убедлив пораз.

Кај победничкиот состав се истакна Ануноби со 34 поени, Џош Харт додаде 18, додека Карл-Ентони Таунс натпреварот го заврши со 17 поени и 13 скока.

По овој натпревар, Денвер се наоѓа на петтото место во Западната конференција во НБА лигата со учинок од 39 победи и 25 порази, додека Њујорк е трет во Источната конференција со скор 41-23.