Дејвис куп репрезентацијата на Македонија денеска го почнува дуелот против Кипар на теренот на противникот. За денеска се предвидени два сингл меча (се игра во два добиени сета). Прв на теренот ќе се појави Амар Хусеиновиќ во меч против нивниот прворангиран играч Мелиос Ефстатиу, а 15 минути по завршувањето на овој меч на теренот ќе се појават Стефан Мицов за Македонија и Фотос Фотиадес.

За утре се планирани како прв мечот во двојки, а потоа двата сингл меча.

Дејвис куп натпреварувањето е знае да донесе изненадувања, а во моментов Кипар е подобро рангирана репрезентација од македонската, но настапот во националниот тим носи многу мотивација и подвизи.

Македонија и Кипар го играат четвртиот меѓусебен меч, а предност од 2-1 во победи има противникот.

Почетокот на денешната програма е во 10 часот.

Следете нé на социјалните мрежи