најдобрата македонска тенисерка лина ѓорческа е во одлична форма. Таа обезбеди пласман во полуфиналето на тенискиот турнир во порто.
ова откако ѓорческа во четвртфиналниот меч ја победи грчката тенисерка Папамихаил во два сета.
Мечот што траеше 104 минути Ѓорческа го доби со 7-6 и 6-3.
Утре во полуфиналето противничка на Лина ќе и биде седмата носителка Флона Кроули од САД.



































