Елена Рибакина ќе биде противничка на Арина Сабаленка во големото финале на Гранд слемот Австралија Опен.

Откако Сабаленка убедливо ја победи Украинката, Елина Свитолина во првото полуфинале, Рибакина пласман во финалето обезбеди со победата над Американката, Џесика Пегула со 6:3 и 7:6.

Казахстанката доминираше во поголемиот дел од мечот, но Пегула пружи силен отпор во вториот сет. Рибакина дури по четвртата меч-топка успеа да го скрши отпорот на својата противничка во тај-брејкот.

Ова ќе биде втора пресметка на Сабаленка и Рибакина во финалето во Мелбурн по дуелот пред точно три години. Тогаш Сабаленка славеше по голем пресврт, освојувајќи ја својата прва титула на овој престижен турнир.

Сабаленка ќе го игра во своето четврто последователно финале во Австралија и цели кон трет трофеј во кариерата. Белорусинката е во извонредна форма по двете освоени титули на Отвореното првенство на САД.

Рибакина по трет пат во кариерата ќе се бори за Гранд слем трофеј на највисоко ниво. Таа ја започна сезоната моќно, откако претходно триумфираше на завршниот ВТА турнир против Сабаленка.

Следете нé на социјалните мрежи