Карлос Алкараз и Карен Хачанов обезбедија пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами.

најдобро рангираниот светски тенисер во моментов, Шпанецот, Алкараз потешко од очекуваното се справи со домашниот тенисер Томи Пол (19-ти на АТП листата).

Алкараз го доби мечот во двата сета со идентични 6:4. Само по еден бреј во првиот и вториот сет беа доволни Шпанецот да се избори за четвртфинале во кое повторно за противник ќе има Американец, и тоа Тејлор Фриц кој во два сета (6-3 и 6-4) беше подобар од Данецот, Руне.

Настапот заврши за третиот светски рекет Гркот, Стефанос Циципас кој по голема борба во два сета загуби од Карен Хачаков. Првиот сет што траеше без малку еден час, а во кој двајцата тенисери ги добиваа своите сервиси, се до тај-брејкот Русинот го доби со 7-4 на поени. Во вториот сет решавачки беше брејкот во петтиот гем, па Хачанов сетот го реши во своја полза со 6-4, за место меѓу осумте најдобри. 

Со оваа победа Хачанов ја прекина лошата низа од 23 порази во дуелите со тенисерите рангирани во ТОП 10, а воено и низата од 6 порази по ред од Гркот, Циципас.