Елена Рибакина е првата тенисерка што обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мајами. 

Казахстанската тенисерка во првиот меч од четвртфиналето беше подобра во два сета од Италијанката, Мартина Тревисан. 

Рибакина која е 7-мо рангирана на ВТА листата на својата противничка и препушти само три гема во првиот сет (6-3), а вториот го доби со чисти 6-0, па сега ќе го чека исходот од мечот меѓу Американката, Џесика Пелуга (3-та носителка) и Русинката, Потапова. 

Втората светска тенисерка, Сабаленка како и пред десет дена во Индијан Велс беше подобра од Барбора Крејчикова од чепка во последниот меч од осминафиналната рунда, одигран ноќеска. Победничката на Австралија опен, Сабаленка на својата противничка и препушти три гема во првиот и два во вториот сет (6-3 и 6-2). Белорусинката за место меѓу четирите најдобри ќе се бори со романската ветеранка, 32-годишната Сорана Кристеа.