Кошаркарите на Пелистер вечерва ќе го одиграат последниот натпревар на европската сцена.
Пелистерци во од ФИБА Европа купот, пред својата публика, го пречекуваат кипарскиот тим на Керавнос.
Двата порази од загрепска Цедевита и оној во претходната рунда од словачката Приевидза, им пресудија на битолчани, да не можат да се надеваат на едно од двете места што водат во следната фаза.
Така денешниот дуел против Керавнос од кого загубија на гостувањето во Кипар, ќе биде само дуел за честа на зелено-белите. Двата тима имаат само по една победа, па денешниот губитник ќе биде последно рангиран на табелата.
Кој ќе биде тоа ќе дознаеме од натпреварот што ќе почне од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.



































