Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе го игра третиот натпревар во квалификациите за Евробаскетот 2027-ма.
Македонските кошаркарки во 3,коло од Ф групата гостуваат во Славонски Брод кај Хрватска.
Двете репрезентации во овој меч влегуваат со по една победа и пораз. Македонија славеше над Данска која во претходната (втора) рунда ја совлада Хрватска, а загуби од Грција која пак Хрватките ја поразија.
Дуелот што ќе почне од 18 часот, може во понатамошниот тек од квалификациите, да се покаже како еден од решавачките во конечниот поредок.
Натпреварот Хрватска – Македонија ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































