Најдобрата фудбалската репрезентација на Македонија e пред еден еден од најважните натпревари во историјата. Македонските фудбалери во Кардиф, против Велс ќе го играат последниот натпревар во квалификациите за СП што ќе се одржи следната година.
Црвено-жолтите се пред историска шанса да се борат за настап на Мундијалот, а тоа најверојатно преку дополнителните бараж дуели.
Ова имајќи во предвид дека Белгија која е прва во групата со два бода повеќе од Македонија и Велс. Во последното коло Белгијците ќе игра на домашен терен против Лихтенштајн, кој ги загуби сите досегашни натпревари. Се освен победа на Белгијците би било вистинска сензација. Така Велс и Македонија во директна меѓусебна пресметка ќе решаваат за второто место кое води во баражот.
На македонските фудбалери доволно ќе им биде да одиграат и нерешено, за да завршат пред Велшаните. Втората позиција носи и дополнителна привилегија во ждрепката за баражот.
Двата натпревар, ќе се играат во вечерниот термин од 20.45 часот. А, натпреварот Велс – Македонија ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ






































