Со одигрувањето на дуелот меѓу Партизан и Татран Прешов што заврши со победа на „црно-белите“ 36:35 познати се конечните табели од првата фаза од натпреварите од СЕХА лигата. Татран со минималниот пораз остана лидер во групата, пред тимот на Вардар, додека Партизан е третотопласиран. Тоа значи дека Вардар како второпласиран ќе игра против првиот од другата група тимот на Војводина.
Вториот македонски тим во ова натпреварување Еурофарм Пелистер ќе игра против првакот на Словачка Татран Прешов во четвртфиналето.
Ваквиот расплет во групите донесе и „хрватско четвртфинале“ ППД Загреб против Нексе.
Во четвртфиналето од „Јужната Дивизија“ ќе играат: Партизан – Веспрем, Нексе – ППД Загреб, Војводина – Вардар и Татран Прешов – Еурофарм Пелистер.
Натпреварите се играат по принцип дома – гости, а терминот на одигрување е првата половина на месец април.