Македонската фудбалска репрезентација остава зад себе успешен репрезентативен прозорец со две победи. Најдобрата машка фудбалска репрезентација по победата над Малта во четвртокот, вечерва со минимални 1-0 беше подобра и од селекцијата на Фарски Острови, а селекторот Милевски е задоволен од пристапот и победата.

„Најважно на овој меч ми беше да го видам менталитетот и психолошкиот момент и како јас сум го замислил развивањето на тимот. Значи желба, пристап, ентузијазам, капацитет е се што видов денеска. Поради се ова сум задоволен“, изјави Милевски.

Селекторот беше задоволен и од настапот на Јани Атанасов потенцирајќи дека секој селектор посакува да има повеќе играчи на една позиција кои можат да одговорат на задачите.

„Се наметнува. Двата меча ги одигра сосем коректно, а на Аријан Адеми му посакувам само здравје. Посакувам на секоја позиција да имаме опции и секоја дадена шанса да се искористува. Се е во функција на тимот па и мојот помошник кој ќе го води тимот против Украина затоа што јас сум суспендиран“.

На крајот селекторот се заблагодари на публиката и најави дека очекува полн стадион со Украина

„Благодарност до публиката против Малта. Денеска имаше мала посетеност, веројатно затоа што е работен ден, а 18:00 часот не е идеално време за фудбал. Стадионот сигурно ќе биде полн со Украина.
Во целина задоволен сум од изданието на играчтие на двата натпревари“, додаде македонскиот селектор.