Македонската фудбалска репрезентација забележа тешка и минимална победа над Фарските Острови.

На пријателската средба одиграна вечерва на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Македонија славеше потешкото од очекувањата со 1-0.

Со шест измени во однос на тимот со кој го започна мечот со Малта, нашиот национален состав се стартуваше денеска против Фарските острови. 

Црвено-жолтите од самиот почеток се обидуваа да стигнат до гол, но тоа во првиот дел не им успеа. Во 27-минута мораше да биде досуден пенал за нашата селекција откако по центаршутот на Стефан Ристовски, топката заврши во раката на дефанзивец на гостите, но судијата Милош Савовиќ од Црна Гора не покажа на белата точка.

38-та минута шанса имаше Алиовски, но неговиот удар заврши во пречката на гостинскиот гол. 

Во вториот дел нападите беа јалови, а реализацијата слаба. Голема можност имаше Елмас кој во 78-минута изби само пред гостинскиот голман, но не успеа да го совлада. Конечно, во 81-минута по асистенцијата на Ашоковски, напаѓачот на шкотски Абердин, Бојан Миовски го скрши отпорот на гостите и го постигна победничкиот гол. 

Следува пауза за македонската селекција која во јуни ја очекуваат два тешки натпревари, првиот на домашен терен против Украина, а пота на гости кај Англија.