Aко се водиме по народната „денот по утрото се познава“ тогаш новата НБА сезона би требало да донесе многу возбудувања.

Така беше на отворањето, односно првиот натпревар на кој победникот беше решен по дополнителни 5 минути игра.

Оклахима сити одбраната на титулата ја почна со победа над Хјустон  со 125:124 по продолжение. Шаи Гилгиус-Александар кој лани беше МВП на финалето беше најдобриот поединец во победничкиот тим. Тој постигна 35 поени надополнети со по пет скока и асистенции, а го следеше 
Чет Холмгрен со 28 поени, седум скока и две асистенции.

Во редовите на Рокетс, Алперен Сенгун се истакна со 39 поени, 11 скока и седум асистенции. Новото засилување за Хјустон, Кевин Дурант оствари учинок од 23 поени и девет скока.

Во Лос Анџелес, домашните Лејкерси имаа предност само на почетокот од натпреварот, но сè друго се мина во знакот на Голден Стејт. „Воините“ славеа победа над „Езерџиите“ со 119-109.

Лука Дончиќ беше неверојатен за Лејкерсите, но неговиот учинок од 43 поени, 12 скока и девет асистенции не беше доволен за победа. За „Воините“, Џими Батлер беше одличен (31 поен, пет скока и четири асистенции), Стеф Кари постигна 23 поени.