Кошаркарите на Пелистер вечерва ги чека нов натпревар во ФИБА Европскиот куп. За прв пат сезонава пред својата публика во Битола, зелено-белите ќе се обидат да стуг

Во рамките од 2.коло на Д групата, пелистерци ќе го пречекаат словачкиот тим на Превидза.

Лекцијата од поразот во првото коло во Загреб е научена, а „пелистерци“, потенцираат од таборот на битолскиот клуб. Лука Стојановски смета дека словачкиот тим е многу сличен на Цедевита јуниор, од која Пелистер претрпе пораз во првото коло.

„Прва работа што треба да ја смениме е индивидуалниот пристап, бидејќи од тоа почнува се. Мораме да покажеме желба, да се бориме и да играме за секоја топка, да бидеме колективно силни, да личиме на тим.

Ако секој од нас биде на висина на задачата со индивидуалниот пристап, тоа ќе придонесе сите заедно да изгледаме многу подобро на теренот. Секако, желба на сите нас е со победа да го крунисаме овој прв европски меч во Битола“, вели Стојановски.

Натпреварот што вечерва ќе се игра во сала „Боро Чурлевски“, ќе почне од 19 часот, a ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи