Младата македонска фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година е во Анталија, каде како дел од подготовките за евро-квалификациите има три контролни натпревари.
Откако во првиот одигран пред два дена, избраниците на селекторот Драган Канатларовски загубија од Летонија со 3-0, денеска ја совладаа Финска на пенали со 6-5.
Во првиот дел црвено-жолтите имаа повеќе од играта и заслужено со голот на Берат Калкан во 32-та минута дојдоа до предност од 1-0
Во вториот дел, откако напшите младинци пропуштија добра можност за втор гол, по едена брза контра во 50-тата минута, на спротивната страна Сита ја казни заспаноста во нашата одбрана и израмни на 1-1, резултат кој остана не променет до крајот на натпреварот по што се изведуваа пенали.
А, во пенал рулетот, повеќе концентрација и нерви имаа нашите младинци, па победникот беше решен дури во шестата серија, со 5-4, откако голманот на Акаденима Пандев, Марко Алчевски одбрфани два удари на противникот, па со вкупни 6-5 и донесе победа на Македонија.
Серијата на контрролни натпервари младите мнакедонски фудбалери ќе ја заокружат во вторник (од 15 часот) со дуелот против Словачка.