Одбојкарите на Струмица Никоб старо-новите освојувачи на Купот на Македонија.

Во фналето нза завршниот турнир ѓто се одржува во „25-ти Мај“ во Радовиш, екипата на Струмица Никоб во три сета го победи велешки ГОК Борец, со што го одбранија трофејот освоен лани.

Лесно со само седум загубени поени струмичаби го добија првиот сет. Во вториот велешани беа далеку поконкурентни имаа и водство од 21-19, но со серија 6-2, Струмица го доби сетот со 25-23.

Во третиот, воедно и последен сет, топ вафоритот ја потврди улогата и го доби сетот со 25-18, за кончени 3:0 во сетови.

За струмичани одва е 9-ти трофеј во Купот на Македонија, а вкупно 18-ти во нивната клупска историја.

Во женското финале од 16 часот, екипата на Работнички Скопје која лани се закити со двојна круна, има можност и сезонава да стигне до таков успех. За да се случи тоа одбојкарките на Работнички Скопје прво ќе треба да го одбраната Куп трофејот и тоа во дуелот со екипата на Наковски волеј.