Младата македонска фудбалска репрезентација за играчи до 18 години одигра без голови против Азербејџан.
Младите фудбалери (генерација 2005), предводени од селекторот Тони Јакимовски се во Баку, каде попладнево го одиграа првиот од двата предвиден натпревари со домашната селекција на Азербејџан. Средбата заврши без голови 0-0, а подетални информации за жал нема.
Тие остануваат таму, бидејќи во понеделник ги очекува нов натпревар со истиот противник.
Потсетуваме дека во овој период дури пет млади македонски селекции имаа свои настапи, а единствено женската репрезентација до 17 години игра дуели од натпреварувачки карактер додека останатите се контролни, пријателски средби.