Македонија со победа над Малта ги започна квалификациите за ЕУРО 2024 година. 

Иако противникот и не беше „атрактивен“ сепак на националната арена „Тодор Проевски„ во Скопје, синоќа беа присутни околу 5.000 љубители на фудбалот, да им дадат поддршка на македонските играчи. 

Од нашиот табор и федерацијата, не заборавија да се заблагодарат, па со соопштение до јавноста очекуваат дека веќе на наредните натпревари бројката ќе биде далеку поголема. 

Можеби не баш на следниот меч, имајќи во предвид дека противник е репрезентацијата на Фарските Острови, која како и Малта е речиси во ист ранг, но затоа во јуни (16-ти) кога Македонија ќе ја пречека Украина, фудбалерите очекуваат максимална поддршка од трибините. 

Ние само ќе додадеме, Македонија се бодри и со силни и со слаби, но и кога победува и кога групи.