Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија, до 17 години доживеа вистински дебакл во мечот со германските врснички.

Во квалификациите за ЕП што ќе се одржи во Естонија летово, нашите млади се поразени од Германија со 13  во првиот натпревар од втората рунда група А групата, што се игра во Португалија.

Целата работа младите Германки ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со 5-0, за во вториот дел да постигнат уште осум гола и со конечни 13-0 да го добијат натпреварот.

Иако е спортски, но реално тешко е се поверува дека по ваков дебакл нашата млада селекција ќе може да собере сили за наредните два натпревари во кои ќе игра против домаќинот Португалија во недела и против Унгарија во среда.