ФИБА Евробаскет 2025 официјално ја објави „Ол-стар петорката“ на турнирот, составена од највпечатливите играчи кои го одбележаа шампионатот.

Петорката е составена од двајца играчи од шампионката Германија, како и по еден претставник од второпласираната Турција, третопласираната Грција, а Словенија исто така има играча не се бореше за медал.

На чело на оваа елитна поставка се наоѓа Денис Шродер, МВП на првенството и моторот на германската репрезентација која го освои златото во Арена Рига.

Покрај Шродер, во идеалната петорка се најде и неговиот соиграч Франц Вагнер, кој со својата конзистентност и ефикасност беше клучен столб во германската игра.

Од редовите на второпласираната Турција, заслужено место доби Алперен Шенгун, кој во финалето постигна 28 поени и беше незапирлив во рекетот. Четирите натпревари кои ги заврши со трипл-дабл го направија Џенѓун еден од највпечатливите центри на турнирот.

Грчкиот гигант Јанис Антетокунмпо, ја предводеше својата селекција до бронзата, повторно покажа зошто е еден од најдоминантните играчи во светската кошарка.

Иако Словенија не се пласираше меѓу првите четири, Лука Дончиќ доби признание за својата индивидуална магија. Неговите перформанси беа спектакуларни.

Оваа петорка не само што ги претставува најдобрите играчи на Евробаскет 2025, туку и симболизира новата генерација на европска кошаркарска елита. Турнирот во Рига ќе остане запаметен по високото ниво на игра, неизвесните дуели и блескавите индивидуални настапи.

Следете нé на социјалните мрежи