Репрезентацијата на Шпанија по долги-долги години не успеа да ја мине првата фаза на Европскиот кошаркарски шампионат.
„Црвената фурија“ која беше бранител на шампионскиот трофеј е елиминирана по пет одиграни натпревари. Шпанците вечерва во Лимасол, беа поразени од Грција со 86-90 и завршија петти во групата.
Поразот на Шпанците им одеше во прилог на Грузијците кои во првото коло славеа над европскиот првак, па тие се последниот 16-ти патник во осминафиналето.
Со тоа комплетирани се двојките за првата елиминациска осминафинална рунда.
ЕВРОБАСКЕТ – 1/8 ФИНАЛЕ
ТУРЦИЈА – ШВЕДСКА
СРБИЈА – ФИНСКА
ЛИТВАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
ГРЦИЈА – ИЗРАЕЛ
ИТАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА
БИХ – ПОЛСКА
ГРУЗИЈА – ФРАНЦИЈА