Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана уште во првата рунда на ИТФ Фјучерс турнирот во Марибор.
Тетовката која е 217-та на ВТА листата, во првата рунда „налета“ на одличната руска тенисерка Анастасија Тихонова која ја има улогата на шеста фаворитка на овој турнир, а е подобро рангирана од Ѓорческа на ВТА листата и се наоѓа на 184-тата позиција.
Првиот сет Русинката го доби експресно препуштајќи и на Лина само еден гел (6-1).
Во вториот нашата тенисерка заигра многу подобро, но немаше сили да се врати во мечот, па го загуби сетот со 7-2, за конечни 0-2 за руската тенисерка.