Со триумфот на Мастерсот во Индијан Велс, Карлос Алкараз е новиот број 1 на АТП ранг листата.
Младиот Шпанец, во финалето на овој турнир го победи Русинот, Данил Медведев и тоа убедливо во два сета со 6-3 и 6-2, со што од денеска повторно е на лидерското место на најновата ранг листа.
19-годишниот Шпанец го искористи отсуството на Ѓоковиќ, коми американските власи не му дозволија да настапи на овој турнир, односно не му одобрија влезе во САД бидејќи не е вакциниран за КОВИД-19.
Минатата година Алкараз стана најмладиот тенисер кој стигнал до број 1 во историјата на АТП по освојувањето на титула на Отвореното првенство на САД.
Тој во третото коло на Индијан Велс постигна уште историски успех, забележувајќи ја својата 100-та победа во кариерата, со што стана вториот играч по Џон Мекинро, кој најбрзо стигнал до оваа бројка.
Алкараз и Рибакина која во женското финале ја победи Сабаленка, го збогатија своето парично конто за 1.262.220 долари.