Машката јуниорска селекција на Македонија, денеска го последниот и решавачки натпревар за опстанок во „А“ дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Белград.
По вчерашната победа над Белгија, прва на првенството, македонските јуниори денеска ќе се борат за 13 место.
Противник на Македонија е репрезентацијата на Бугарија.
Ова е решавачки натпревар на шампионатот, кој по секоја цена мора да се добие, за да се оствари цел, опстанок во елитата.
Избраниците на селекторот Андреевски едноставно ќе мора да дадат и повеќе од своите можности. Со победа не само што ќе се израдуваат самите, туку ќе ја израдуваат и нацијата.
Евентуален неуспех, пораз во овој дуел, ќе значи пад во второлигашката конкуренција, за наредната генерација македонски кошаркари.
Дуелот Македонија и Бугарија ќе се игра во терминот од 16 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































