Машката јуниорска селекција на Македонија , ја оствари првата победа на ЕП за кошаркари до 18 години во Белград.
Важен, триумф славеа избраниците на селекторот Андреевски во борбата за опстанок во елитната „А“ дивизија.
Во дуелот за раздигување за пласман од 13 до 16 место, Македонија ја совлада Белгија со 81-72.
По стартното водство од 6-2, противникот направи серија од 2-11 и поведе со 8-13. Белгија го доби првиот квартал со три разлика (17-20). Во вториот, многу подобра беше Македонија која ја доби четвртината со десет разлика, а на одмор замина со +7 (43-36).
На почетокот на второто полувреме имавме и најголеми +9 (47-38), но повторно голем пад во играта. Противникот го казани тоа ја анулира негативата, па и поведе. Сепак во последната четвртина се влезе од „нула“ со израмнет резултат 54-54.
Отпорот на Белгијците, младите македонски кошаркари го „скршија“ во последниот квартал, кој го добија со 27-18, па заслужено се израдуваа на првата победа.
Но, многу време за славје нема. Со оваа победа задачата сеуште не е завршена. Останува уште еден меч кој исто така мора да се добие, за да се обезбеди опстанок во елитната конкуренција.
Во него Македонија утре за противник ќе ја има селекцијата на Бугарија која претходно ја совлада Шведска.




































