Македонскиот тенисер Горазд Србљак по трите победи во квалификациите, денеска го загуби мечот од првата рунда. Поуспешен од него на ИТФ М15 турнирот во Куршумлијска Бања беше Аргентинецот Лоренцо Гаљардо со 2-0 во сетови (6:2, 6:0).
Србљак имаше претходните три дена имаше тешки мечеви во квалификациите и сите три ги доби играјќи решавачки сет на поени. Во финалето од квалификациите тој вчера доцна попладне го победи Италијанецот Кристијан Кампесе со 2-1 во сетови (2:6, 7:5 и 10-5 на поени). Претходно оствари две победи против Марко Николиќ од Србија и Андреј Куницин.
На турнирот настапува и Калин Ивановски кој во првата рунда игра против Фразлер Ренгифо од Колумбија.


































