Младата женска репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години како претпоследна 23-та го заврши настапот на Европското првенство.

Во својот последен натпревар на шампионатот, македонските младинки ја остварија единствената победа совладувајќи ја Литванија со 39-38.

Против истата селекција во првиот меѓусебен дуел македонските ракометарки одиграа нерешено и пропуштија победа.

Исто можеше да се случил и денеска доколку Гошевска не го одбранеше ударот на продавачката ракометарка во последната секунда, па спречи израмнување.

Така македонските млади ракометарки со една победа и реми (Литванија) и пет порази, го завршија првенството во Подгорица. Македонија на крајот е на претпоследното (23) место во конкуренција на 24 репрезентации.

Следен е настапот на јуниорките (селекцијата до 17 години) која исто така во Црна Гора ќе игра на ЕП. Тоа натпреварување ќе започне на 30 јули, а во меѓувреме оваа селекција ќе настапи на ЕМОФ во Скопје, почнувајќи од утре.

Следете нé на социјалните мрежи