Полската тенисерка Ига Швјонтек го освои трофејот на неофицијалното светско тениско првенство Вимблдон.

Некогашната најдобро рангирана светска тенисерка за прв пат во кариерата победи на најпрестижниот турнир.

Таа во финале беше супериорна во дуелот со од Американката, Аманда Aнисимова. Швјонтек за само 57 минути во два сета славеше без загубен гем со 6-0 и 6-0.

За полската тенисерка која во Лондон ова е вкупно шести трофеј од Гренд-слем турнирите. Таа еднаш победи на УС Опен (2022) и чети пати на Роланд Гарос (2020, 2022, 2023, 2024).

Утре на програмата е машкото финале.
Во него светскиот рекет број 1 Италијанецот, Јаник Синер ќе го предизвика бранителот на трофејот од лани, Шпанецот, Карлос Алкараз.

Следете нé на социјалните мрежи