Младата женска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на Европското првенство за ракометарки до 19 години.

Во натпревар од 2.коло на А групата, Македонија е поразена од Полска со 18-28.

Од самиот старт полските ракометарки го наметнаа своето темпо. Во 22.минута противичките дојдоа до седум голови разлика. Со низа од четири гола, црвено-жолтите успеаја да ја намалат разликата, па на полувреме се замина со резултат 8-11 за Полска.

Вториот дел почна со три врзани гола на Полска и односно сигурна предност. Немаа решение нашите ракометарки и селекторот Симевски како да му се спротивстават на расположениот противник. Во два три Полска имаше и најголема предност од десет гола, а на крајот славеше со 18-28.

Анастасија Трпеска со 4 постигнати голови беше најефикасната ракометарка во нашата репрезентација, за која по три гола постигнаа Миленкоска, Котевска и Беровиќ.

Утре е слободен ден за македонските ракометарки, а следниот меч е во сабота против Чешка.

Следете нé на социјалните мрежи