Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во Б дивизија на Европскиот шампионат.
Во натпревар под последното коло од А групата, Македонија е совладана од Ирска со 33 поени разлика 56-89.
И на овој меч се потврди дека само со една-две расположени и квалитетни кошаркарки, Македонија е немоќна. Иако го добија првиот период 19-18, сепак во вториот избраничките на селекторот Петровски, тотално потфрлија. Постигнаа само 6 поени за 10 минути игра, па противничките на одмор заминаа со +19 (25-44).
И тика веќе беше јасно дека и во овој натпревар напите јуниорки нема што да бараат, па со максимални четири убедливи порази завршија како последно пласирани.
Денеска Ивана Колева со 26 поени беше нашата најефикасна кошаркарка, а двоцифрена уште беше Ања Начевска која заврши со 10.
Следува дена пауза на првенството, а во петок првиот дуел во разигрувањето за пласман од од 17 до 20 место.




































